Двајца заразени од вирусот зика во Чешка
Ризикот од заразување со вирусот зика од двајцата Чеси инфицирани на патување во странство не му се заканува на никој освен на нивните сексуални партнери, а и тоа е малку веројатно.
Ова, како што јави дописникот на МИА од Прага, го изјави претседателот на Форумот за заразна, тропска и друга медицина, Растислав Маѓар предупредувајќи пред ширење на непотребна паника кај населението.
- Иако зика вирусот, исто така, може да се најде и во плунката, мајчиното млеко и урината, веројатноста за пренесување по друг пат освен преку комарци или сексуален однос е речиси невозможна, рече Маѓар.
Пациентите, се лечат амбулантно.
Вирусот е поврзан со оштетување на фетусот кај бремени жени во Латинска Америка, поради кој децата се раѓаат со помала глава и помалку развиен мозок.
Чешката Влада претходно донесе одлука, во случај на појава на вирусот во земјата да не биде активиран системот за справување со високо заразни инфекции, бидејќи вирусот не се пренесува преку воздухот како грипот.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка