Двајца загинати и четворица повредени во пожар во станбена зграда во Јоханесбург
Во пожар во станбена зграда во Јоханесбург две лица загинаа, а четворица се повредени, соопштија градските власти.
Пожарникарите се уште го гаснат пожарот кој утринава ја зафати двокатницата, се наведува во соопштението на Службата за итни случаи во Јоханесбург.
Не е познато колку луѓе се уште има во зградата, изјави портпаролот на градските служби за итни случаи за ТВ каналот eNCA, пренесуваат британските медиуми.
По гаснењето на пожарот ќе се спроведе истрага за причините за пожарот.
Повеќе од 70 луѓе загинаа во август минатата година во пожар што зафати петкатница во Јоханесбург, но одговорноста за пожарот се уште не е утврдена.
Британските медиуми наведуваат дека сиромаштијата, пожарите во домаќинствата и бездомништвото се широко распространети во јужноафриканскиот град Јоханесбург.
Ново на Сител
-
МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете
-
Тошковски: Дивиот забавен парк кај Борис Трајковски ќе биде затворен и отстранет
-
Сообраќајна несреќа кај Росоман
-
Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо