Свет
4. December 2015 - 8:43

Двајца Палестинци убиени откако нападнале израелски војник

Двајца Палестинци беа застрелани денеска од израелски војници откако нападнаа со ножеви израелски војник во Хеброн, на окупираниот Западен брег, соопшти израелската армија.

Војникот бил лесно ранет во нападот.

Според палестински медиуми, најмалку 100 Палестинци се убиени од почетокот на минатиот месец при акции на израелската армија.