Двајца американски војници загинаа во експлозија на подметната бомба во Авганистан
Двајца американски војници погинаа и уште двајца се повредени во експлозија на бомба што нивното возило ја нагазило на пат, во јужен Авганистан, соопшти денеска американската армија.
Талибанците веднаш ја презедоа одговорноста за нападот. Нивниот портпарол Кари Јусуф Ахмади изјави дека нападот се случил во јужната провинција Кандахар.
Повеќе од 2.400 американски војници се убиени во Авганистан. Минатата година беше меѓу годините со најмногу настрадани и тоа во време кога САД водеа мировни преговори со талибанските бунтовници.
НАТО и авганистанските власти, претходно денеска, потврдија дека бомба крај патот уништила американско воено возило, но не споменаа дали во нападот има загинати.
Авганистански претставники изјави дека нападот се случлил во округот Данд, во провинцијата Кандахар.
Талибанците во моментов држат под контгрола околу половина од територијата на Авганистан. Тие и натаму речиси секојдевно спроведуваат напади врз авганистанските и американските сили иако паралелно водат мировни преговори со САД во Доха.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество