Македонија
18. May 2016 - 13:53

Дваесетгодишна девојка се затрула со лекови

Дваесетгодишна девојка од Кочани е пренесена на Одделение за токсикологија во Клиничкиот центар Скопје откако испила поголема количина лекови.

Во Јавната здравствена установа Кочани вчера околу 22:10 часот со возило на итна медицинска помош во неконтактибилна состојба била донесена Д.П. (20) од Кочани, која била затруена со лекови. По укажаната лекарска помош и поради сериозноста  на состојбата во која се наоѓала била препратена на Одделението за токсикологија во КЦ-Скопје за понатамошно лекување.