Дваесет и девет години од загинувањето на војникот Сашко Гешовски, прва жртва во распадот на Југославија
Денеска се навршуваат 29 години од загинувањето на војникот Сашко Гешовски од Кавадарци, првата жртва во жестокиот воен судир, што го предизвика распаѓањето на Југославија во 1991 година. Историчарот и хроничар Петре Камчевски потсетува дека младото момче беше припадник на ЈНА, а својот воен рок го служеше во Сплит, С.Р. Хрватска.
– Сашко Гешовски беше роден во 1972 година. Имаше завршено основно и средно училиште во Кавадарци, а потоа замина на отслужување на воениот рок во ЈНА во Хрватска. На 6 мај 1991 година во него пукал маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и со четири куршуми смртно го погодил младиот кавадарчанец. Во критичниот момент, Сашко бил на задача пред зградата на Воено поморската област во Сплит, вели Камчевски.
На 7 мај 1991 година во Кавадарци во негова чест се одржа голем протестен митинг на кој учествуваше речиси целото население од градот и околните места, за да се изрази револт и тага за смртта на својот сограѓанин.
– На неговиот погреб присуствуваа повеќе од 20.000 граѓани, дојдени од сите краишта на Југославија, а во Кавадарци беше прогласена и тридневна жалост. Во воениот конфликт во 1991 година загинаа уште тројца кавадарчани, додаде Камчевски.
Ново на Сител
-
Глобален самит за вештачка интелигенција во Париз
-
Вицепремиерот Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД
-
Поранешниот министер за безбедност на БиХ претепан од маскирани напаѓачи
-
За две седмици започнува тримечна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Кисела Вода
-
Евростат: Цените во Европа паѓаат
-
Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт
-
Колумбискиот претседател вели дека кокаинот „не е полош од виски“
-
Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини