Два пати се разведуваа и венчаваа-оваа жена Гидра ја сакаше до последен здив
Улогата во „Жикина династија“ му донесе епитет на женкар, но Драгомир Бојаниќ Гидра во приватниот живот бил далеку од тоа. Целиот живот бил вљубен во својата жена и постара колешка Љиљана Контиќ, а нивната врска била страствена и бурна.
Тие се запознале и почнале да се забавуваат уште додека Гидра студирал, а се венчале 1966 година.
Гидра од милост својата сопруга ја викал Љаља, а со неа во 1970 година ја добил и ќерката Јелена. Како легендарниот актер ја пречекал сопругата пред породилиштето се зборувало со години. Имено Љиљана и бебето ги дочекал со три возила во кои биле половина музичари од Скадарлија.
Иако било очигледно дека меѓу нив владее голема љубов, во нивниот брак не цветале рози. Се карале, разделувале, и повторно се враќале еден на друг.
Два пати се венчавале и два пати се разведувале.
Гидра починал на 11 ноември 1993 година, а неговата сакана Љаља на 17 јули 2005 година.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино