Два нови земјотреси во Охридско
Два земјотреси со јачина од 3,7 и 3,6 степени по Рихтер и повеќе послаби земјотреси во охридското епицентрално подрачје регистрирала синоќа и во текот на вчерашниот ден телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот со Рихтерова магнитуда од 3.7 степени бил регистриран во 21:31 часот минута со интензитет V степени според Европската макросеизмичка скала, а земјотресот со Рихтерова магнитуда од 3,6 степени во 22:52 часот, кој имал интензитет V степени според Европската Макросеизмичка Скала.
Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, регистрирани биле и повеќе послаби земјотреси со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 кои биле почувствувани со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза