Македонија
9. July 2017 - 9:52

Два нови земјотреси во Охридско

Два земјотреси со јачина од 3,7 и 3,6 степени по Рихтер и повеќе послаби земјотреси во охридското епицентрално подрачје регистрирала синоќа и во текот на вчерашниот ден телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот со Рихтерова магнитуда  од 3.7 степени бил регистриран во 21:31 часот минута со интензитет V степени според Европската макросеизмичка скала, а земјотресот со Рихтерова магнитуда од 3,6 степени во 22:52 часот, кој имал интензитет V степени според Европската Макросеизмичка Скала.

Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, регистрирани биле и повеќе послаби земјотреси со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 кои биле почувствувани со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.