Два милиони евра од ЕБОР во Охридска банка за инвестиции во енергетска ефикасност
Охридска банка стана дел од Програмата за поддршка на енергетска ефикасност на ЕБОР за Западен Балкан преку кредитна линија од два милиони евра. Со овие средства, ќе се даде поддршка на инвестициите во еколошки технологии, материјали и решенија, од страна на приватните сопственици на домаќинства. Договорот меѓу Охридска банка и ЕБОР е потпишан денеска.
- Ни претставува задоволство што денеска го потпишуваме овој договор за кредитирање. Со него ќе го продлабочиме нашето влијание во сферата на енергетски ефикасни проекти во Македонија и ќе го засилиме нашето долгорочно партнерство со Охридска банка. Убедени сме дека оваа поддршка, ќе креира заедничка плодна и успешна соработка во оваа нова сфера од работењето, изјави претставникот на ЕБОР за Македонија Анка Јоана Јонеску.
Според Бранка Павловиќ, претседател на Управниот Одбор на Охридска Банка банката ја потврдува својата општествена одговорност со многу досегашни проекти.
- Со оваа нова линија, ќе продолжиме да кредитираме енергетски ефикасни или т.н. ,,зелени” проекти, овој пат во сегментот население, односно сопственици на резиденцијални објекти. Убедени сме дека и овој нов продукт ќе биде уште еден во низата наши атрактивни продукти, земајќи ја предвид поволната цена и грант компонентата која првпат ќе биде достапна на домаќинствата. Веруваме дека ова ќе биде уште еден проект на заемно задоволство со ЕБОР, изјави Павловиќ.
Програмата за поддршка на еколошки енергетски ефикасни проекти на ЕБОР за Западен Балкан промовирана во 2017, во износ од 85 милиони евра е креирана за да им помогне на локалните домаќинства, асоцијации на домаќинства и оние кои им пружаат услуги, да инвестираат во мерки за енергетска ефикасност и проекти за обновлива енергија. Кредитите се пласираат преку финансиските институциии и се поддржани од грантови на Европската Унија кон корисниците, по успешното завршување на проектите за реновирање.
ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Република Македонија. До сега има инвестирано над 1,6 милјарди евра во над 100 проекти во земјата.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник