Дутерте се заканува со затворска казна за оние кои нема да се вакцинираат против Ковид-19
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте им се закани со затворска казна за граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19 додека неговата земја води голема битка со коронавирусот и има над 1,3 милиони заразени и над 23.000 смртни случаи.
– Вие одлучувате, или ќе се вакцинирате или одите во затвор, им рече претседателот Дутерте на граѓаните во телевизиско обраќање по извештајот за низок одговор на вакцинациите во главниот град Манила.
Заклучно со 20 јуни, 2,1 милиони луѓе се целосно вакцинирани на Филипините, што е многу мал напредок со оглед на тоа што целта на владата е да вакцинира до 70 милиони луѓе до крајот на годината, во земја со 110 милиони жители.
– Не ме сфаќајте погрешно, но земјата е во криза, јас сум револтиран од граѓаните кои не ја почитуваат својата влада, рече Дутерте.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива