-->
-->
Дури сега се дозна каков хорор се случил: Убиецот на Јелена Марјановиќ...
-->
Најновите неофицијални резултати од обдукцијата потврдиле дека на телото на пејачката Јелена Марјановиќ (33) од Борча немало видливи повреди. Но, полицијата разгледува две теории околу убиството. Една од тие е дека несреќната жена е донесена со автомобил преку нива и дека тогаш веќе била без свест. Другата е дека убиецот свирепо ја удрил во глава на местото каде е пронајдено нејзиното тело, односно во каналот каде наводно се давела, објави Информер.
Покрај тоа, патолозите утврдиле дека е убиена ден пред да биде пронајдено нејзиното тело во каналот кај насипот во дивата населба Црвенка кај Борча.
- Добила околу 20 удари дирекно во главата, од кои еден помеѓу петиот и седмиот бил смртоносен. На телото немало други повреди, потврдено е дека жртвата непосредно пред смртта се наголтала вода, наведува изворот.
Изворот додава и дека се поголомо соневање е дека Јелена била убиена на друго место и донесена без свест, а потоа фрлена во каналот.
- Во тој прилог оди и фактот дека на лице место не се пронајдени траги од борба, како и ДНК од напаѓачот. Сомнително е тоа што телото пронајдено во непосредна близина на земјениот пат во нивата. Тој пат е на неколку метри оддалечен од местото каде телото на пронајдено, па на убиецот не му било проблем телото да го донесе со автомобил, прескокне еден канал да направи десетина чекори до другиот канал и во него да го спушти телото, тврди изворот и додава дека таа теорија може на некој начин да го потврди и фактот дека една од патиките на Јелена е пронајдена на ораниците помеѓу тие два канали.
- Постои можност дека некој кој го носел телото не приметил дека патиката на жртвата паднала, објаснува соговорникот.
Како што медиумите предходно пишуваа, истрагата до сега најмногу се базираше на пронајдената палка со која повеќе од 20 удари на несреќната жена и е смачкана главата. Оружјето сеуште не е пронајдено и има сомнеж дека убиецот ја запалил палката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Го славел раѓањето на син со пријателите и го загубил животот во пожарот во „Пулс“
-
Додека Македонија тагува, настан за дрифтање со 300 возила кај „Борис Трајковски“ | ВИДЕО
-
Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор
-
Клековски: Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија
-
На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани
-
Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување
-
Бискупот Стојанов упати сочувство за настраданите во Кочани
-
Папата Фрањо жали за жртвите од дискотеката во Кочани