Дука: Во домашна изолација 198 лица во Дебар
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб на денешната прес – конференција безбедносната состојба на подрачјето на Општина Дебар ја оцени како добра.
Според него регистриран е само еден случај на непочитување на полицискиот час и против лицето веќе е поднесена кривична пријава, додека долж границата не се евидентирани илегални преминувања или било какви други проблеми.
-Бројот на лицата кои се во домашна изолација е 198, се очекува утре 60 од нив да бидат ослободени од домашна изолација, бидејќи помина периодот од 14-дневната изолација. Во текот на вчерашниот ден осум лица се испишани од Клиниката за инфективни болести во Скопје по успешното излекување,рече Дука.
Информираше дека на средбата со претставици на хуманитарни организации и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, донесена е одлука за целосно контролирање на распределбата на хуманитарната помош за ранливата категорија граѓани.
Додаде дека е усвоен список, според кој ќе се распределува хуманитарната помош, која во голема количина притигнува а се состои главно во прехранбени производи и средства за хигиена.
-Според вчерашните официјални податоци во Дебар има 47 (од нив двајца од Центар Жупа) заразени со Ковид-19, а почнати до вчера се тројца од нив. Во меѓувреме денеска сме информирани дека е починато уште едно лице – маж од Дебар, со што бројката се зголеми на четворица, тројца мажи од Дебар и жена од селото Баланци, Општина Центар Жупа, рече Дука.
Искажа длабоко сучувство до семејството на почнатиот и уште еднаш упати апел до сите граѓани строго да ги почитуваат препораките и мерките на Владата и Министертвото за здравство.
Ново на Сител
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд на 19 мај во 12 часот во Сител Телевизија
-
Во Прилеп 10-годишно девојче прегазено од нејзиниот 7-годишен брат
-
На Бит Пазар пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација
-
Македонското дерби Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа
-
Приведен кумановец затоа што бил затекнат при обид за кражба и во неговиот дом била пронајдена дрога
-
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово, го оштетил буџетот на установата за 21.594.510 денари
-
Нуркачи ќе го чистат охридското езеро
-
Русија ги нападна Одеса и Харков пред најавеното примирје од Путин