Македонија
8. April 2024 - 16:34

ДУИ промовира влада за национален спас по изборите, опозицијата вели тоа е идеја за спас на интегративците

Национална, широка, влада за спас на ЕУ интеграцијата или влада за спас на ДУИ? Ова е дилемата што ја отвораат опозициските партии откако Бујар Османи од ДУИ т.н. национална влада за спас на државата ја претстави како опција по изборите за брзо да се донесат Уставните измени. Османи вели дека ќе бара национален консензус за ЕУ интеграциите на средба во претседателскиот кабинет кој би траела и со денови се додека не се постигне договор. Услов за ДУИ да учествува во некоја политичка влада пак, по изборите е да се донесат уставните измени.

„Ако на таа средба што би ја иницирал како претседател и која би траела колку што треба за да си подадеме рака, дека од неа би излегла таа опција да може да се истера ЕУ до 2030 година, јас би ја промовирал и таа идеја. Европскиот фронт има неколку црвени линии под кои не може да збори. Едно се договорите – Преспанскиот, Договорот за пријателство и Охридскиот договор, и ветингот со меѓународен борд на сите носители на јавни функции кои ќе се постават на маса за формирање на Влада....“

Од друга страна, и македонската и албанската опозиција во овие предизборни предлози на партијата на Ахмети, гледаат намера кај интегративците да се спасат од одговорност и по секоја цена да бидат дел од власта.

„Не им е паметот во уставни промени и Европските интеграции туку на нив им е како да опстојат и да бидат дел од секоја влада  за да се спасат од криминалните скандали кои беа секојдневие и да има отчет и одговорност за тоа. Затоа тие не мислат на иднината на граѓаните и државата туку како да се спасат во наредните 4 години.

*Дали уставните измени се услов за идна Влада?

Топ приоритет ни се. Прво прашање за кое ќе разговараме“

Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму тврдат дека уставни измени под бугарски диктат нема да бида прифатени, единствена можна опција се разговори за промена на преговарачка рамка односно одложување на важноста на евентуалните уставни измени. И тие сметаат дека идејата на ДУИ е само опција за партиски спас на интегративците.

„Наместо да ги лажат гласачите, Бујар Османи, Али Ахмети, Артан Груби да се подготват со ДУИ за одење во опoзиција велат од партијата на Мицковски.

Лидерот на СДСМ пак, вчера коментираше дека е уставни измени што поскоро бидејќи тие ја носат државата во ЕУ. Од неговата СДСМ денеска не одговорија за идејата на Османи по изборите да се формира т.н. влада за национален спас за уставни измени.