ДУИ: Извештајот на ЕК ја докажува нашата посветеност на патот кон ЕУ
Демократската унија за интеграција го поздравува извештајот на Европската комисија, кој потврдува дека и покрај опструкциите и блокадите од опозицијата, како и енергетските, безбедносните и финансиските кризи, Република Северна Македонија ги исполнува условите да го продолжи патот кон членството во Европската Унија.
Според извештајот на ЕК, постигнат е напредок до 81% од поглавјата и нема назадување во ниту едно поглавје, а што се однесува до подготвеноста на поглавјата има соодветно ниво на подготвеност до 90%.
Демократската унија за интеграција оценува дека извештајот на Европската комисија јасно покажува дека главните пречки за напредок се токму опозициските партии кои ги блокираат уставните измени и европскиот пат на земјата.
Забележан е голем напредок и поради фактот што Европската Унија го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан и со овој план нашата земја има една милијарда евра на располагање и продолжува со реформите и процесот на интеграција, по пет месеци ќе го имаме првиот трансфер од овој нов Пакет.
Демократската унија за интеграција и во оваа прилика апелира до сите политички чинители, академскиот свет, граѓанското општество и медиумите да придонесат земјата успешно да го заврши новиот најголем предизвик од независноста, бидејќи нема друга алтернатива за да има поперспективен живот за сите нас.
ДУИ
Ново на Сител
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори