Дуда: Полска е подготвена на нејзина територија да биде распоредено нуклеарно оружје
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда во интервју за полскиот весник „Факт“ изјави дека неговата земја е подготвена на нејзина територија да се распореди нуклеарно оружје ако сојузниците донесат таква одлука.
– Русија сè повеќе ја милитаризира Калининградската област. Сега го префрлуваат своето нуклеарно оружје во Белорусија. Доколку сојузниците одлучат да распоредат нуклеарно оружје во рамките на проектот „нуклеарно споделување“ и да ја зајакнат безбедноста на источното крило на НАТО, ние сме подготвени за тоа, посочи Дуда.
Тој додаде дека доколку Полска постапува одговорно како досега, војната никогаш нема да избие бидејќи секогаш ќе биде доволно силна, за да не вреди некој да ја нападне.
– Русија не може да победи во војната, пред сè, и јас го нагласувам тоа каде и да сум. Мора да се направи сè за Украина да успее да се одбрани. Повторувам, Русија не може да победи и Украина мора да добие безбедносни гаранции, по можност како членка на НАТО. А што се однесува до мировните преговори, само Украина може да одлучи дали сака да ги води или не, наведе Дуда.
Ново на Сител
-
„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути
-
Истражување: На кучето треба полека да му се говори
-
Модни трендови: „Рециклирање“ облека и модни додатоци
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
20-годишен скопјанец прегази пешак во скопско Марино
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија
-
СДСМ бара одговорност за починатото бебе на детска клиника
-
Таравари: На терен се инспектори и членови на Комисијата за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете