ДСЗИ: Не е констатирано непочитување на Законот за заштита од пушењето во Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека при инспекцискиот надзор во Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, спроведен по објавените информации за наводно непочитување на Законот за заштита од пушењето во таа јавна здравствена установа, не се констатирани недостатоци по однос на обврските кои таа ги има, а произлегуваат од овој закон (истакнување на видно место на знаци за забрането пушење во сите простории на објектот, како и почитувањето на одредбите од законот од страна на сите вработени за забрана за пушење во здравстената установа).
ДСЗИ информира дека доколку кој било граѓанин забележи непочитување на Законот за заштита од пушењето, може да достави доказен материјал врз основа на кој од страна на Инспекторатот ќе биде спроведена соодветна инспекциска постапка.
Во изминатиот перидот од страна на ДСЗИ, како што се посочува, беше спроведена постапка за порамнување на здравствен работник кој не го почитувал Законот, а врз основа на соодветен доказен материјал доставен во претставка од граѓанин.
Инаку во последно тримесечје Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил 543 инспекциски надзори во јавни и приватни здравствени установи по однос на прописите во областа на здравството, вклучувајќи ја примената на Законот за заштита од пушењето, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото