Државно-политичкиот врв утре на координација за предлозите на Нимиц
Државно-политичкиот врв утре ќе одржи координативен состанок на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името меѓу Македонија и Грција, што ја предложи медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк.
Состанокот се одржува на иницијатива на Министерството за надворешни работи во Клубот на пратеници во 18 часот.
На состанокот, како што соопшти МНР, ќе учествуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Посредникот на ОН Метју Нимиц, како што е најавено, следната недела ќе ги посети Грција и Македонија. Нимиц ќе биде во Атина на 29 и 30 јануари, а во Скопје на 31 јануари и 1 февруари.
Ново на Сител
-
Изборен ден во Струга
-
Гласање во Охрид
-
Избори во Крушево и Долнени
-
ДИК бележи зголемена излезност
-
Веќе пет дена хируршките клиники функционираат со затворени сали
-
Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот
-
Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром