Државните органи месечно ќе информираат колку должат
Државните органи од следната година на месечно ниво ќе треба да објават колку должат. Ова ќе биде уредено со закон, за што предлогот е веќе подготвен во Министерството за финансии.
Оттаму информираат дека Предлог законот е подготвен и со него јасно ќе биде уредено ова прашање и јасно ќе се знае институциите што должат.
Ова е преодно решение до изготвување на софтверот во кој државниот орган ќе треба да ја внесе секоја фактура, а Министерството за финансии го подготвува со Светска банка.
Ваквата иницијатива произлезе од новата Влада која кога ја презеде должноста објави дека заклучно со 31 мај годинава долгот на државните органи изнесувал 403 милиони евра.
Од Министерството посочуваат дека се прават анализи на овие податоци што ги доставиле државните органи бидејќи се утврдило дека некои од нив пријавувале и фактури кои не биле доспеани.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец