-->
-->
Државната награда за спорт „8-ми Септември“ ќе биде доделена во вторник
-->
На денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески истакна дека по четврти пат ќе се додели државната награда „8-ми Септември“, благодарение на иницијативата на Агенцијата за млади и спорт.
- Успеавме да издејствуваме спортистите и спортските работници да добијат високо државно признание. Со тоа се валоризира вредноста, но и се оддава признание на луѓето во сенка, кои не се помалку значајни за постигнување на врвни спортски резултати, а тоа се тренерите, селкторите, медицинскиот персонал и останатите спортски работници кои придонеле за унапредување и развој на спортот, како и за афирмација и промоција на Република Македонија во европски и светски рамки, истакна Спасески.
Тој потсети дека изминатите неколку години Владата целосно го помага спортот и оти ги вреднува успесите на спортистите.
- Утврдени се категориите спортист од светска категорија, спортист од меѓународна категорија, а секоја година доделуваме и по 500 стипендии –спортист спортска надеж. Со обезбедувањето на највисокото национално признание или популарно наречената „Спортска пензија“ и со државната награда „8-ми Септември“ се заокружува системот за валоризација на спортските успеси во Република Македонија, потенцира Спасески.
Претседателот на Одборот за доделување на државната награда „8-ми Септември“, професорот д-р Зоран Радиќ информира дека ќе се доделат: државна награда за животно дело и четири државни признанија.
- За наградата за животно дело пријавени беа Венцислав Недев, Владимир Радиќ, Лазар Лечиќ и Петар Алексовски. За државните награди имаме 7 апликанти – Љупчо Стојчевски, Руждија Калач, Кирил Манев, Здравко Дејановиќ, Димче Кичевски, Ристо Магдинчев и Сашо Поповски, рече Радиќ.
Државната награда за животно дело претставува спортска пензија која ќе му се исплаќа на носителот до крајот на животот, додека останатите четири државни признанија претставуваат еднократна исплата во износ на десет просечни плати во Република Македонија.
Во понеделник на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, традиционално ќе се одржи Саемот на спортови каде спортските федерации ќе ги презентираат своите спортски реквизити, спортските вештини и најдобрите спортисти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени