Македонија
9. January 2017 - 16:24

Дрва за семејства од социјално ранливи категории од општина Аеродром

Од денеска почна распределбата на дрвата, кои општина Аеродром годинава наместо за бадникови огнови ги пренамени за семејства од социјално ранливи категории.

Општина Аеродром соопшти дека стотина семејства ќе добијат рамномерно распеделени дрва, кои ќе им помогнат дополнително да ги затоплат своите домови.