-->
-->
Друловиќ остана без Димитровски?!
-->
Владимир Димитровски, дефанзивецот на грчкиот тим Керкира, самоиницијативно ги напуштил подготвките на македонската репрезентација. Димитровски без одобрување на селекторот Љубинко Друловиќ, и без притоа да го информира техничкиот менаџер на А репрезентацијата Саша Ќириќ, во три часот по полноќ ја напушти базата на националниот тим заминувајќи во друга држава. Одлуката на Владимир Димитровски е причина селекторот да не смета на него на претстојните два натпревари на македонската репрезентација.
„Не сметам на Димитровски, разочаран сум од неговото однесување. Јас сум најодговорниот во селекцијата и очекувам поинаков однос. Хиерархијата мора да се почитува, уште повеќе што сите репрезентативци имаат потпишано кодекс што смеат, а што не е дозволено кога се во А националниот тим. Димитровски ја наруши дисциплината во тимот, а за мене тоа е една од најважните работи. За вакви или слични постапки фудбалерите во останатите репрезентации добиваат драстични казни кои се рефлектираат и на клупските настапи. Не знам каква ќе биде одлуката со Димитровски, но мора на сите да им стане јасно дека ова не е начин да се добие нешто. Да побараше дозвола за што и да е, можевме да разговараме и да донесеме одлука“,изјави селекторот Љубинко Друловиќ за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија.
„Крајно непрофесионално и неодговорно од фудбалер на А репрезентацијата. Како луѓе кои се грижиме сé да биде во најдобар ред, репрезентативците да ги имаат најдобрите услови за подготовка , ова се постапки кои создаваат штета и не смееме да ги премолчиме. Ниту еден играч не е над репрезнтацијата и секогаш кога нема да се почитува кодексот на однесување, ние ќе реагираме. Со секој фудбалер сакаме да градиме пријателски и фер однос, но мора да има и заемно почитување. Само на тој начин ќе создадеме компактен тим, добра атмосфера и единство, а тоа е битен предуслов за добри резилтати. Фудбалот е тимска игра, секогаш победува колективот, а не поеднинецот“, вели техничкиот менаџер на А репрезентацијата, Саша Ќириќ.
Во репрезентацијата на Македонија за натпреварите со Луксембург и Шпанија дополнително, стручниот штаб на селекцијата одлучи да прати повик до Владица Брдаровски од Вардар и Баже Илијоски од Работнички. Двајцата ќе се стават на располагање на тимот на вечерниот тренинг во 18.30 часот во центарот „Петар Милошевски“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“