-->
-->
Друловиќ го „среди“ и Партизан, оставка на раководството
-->
Комплетното раководство на фудбалскиот клуб Партизан, по шокантната елиминација од Лига Европа, решило да поднесе оставки на своите функции, неофицијално дознава Б92. Партизан, во четвртокот, загуби во Белград од Аугзбург со 1:3 и за еден гол не успеа да избори пласман во нокаут фазата.
Б92 пренесува дека раководните луѓе на клубот решиле да поднесат оставки на барање на навивачите на клубот.
Партизан против Аугзбург сè до 89.минута имаше резултат кои го носеше во наредната рунда, но потоа Бобадиља постигна гол за 1:3 и елиминација на ’црно белите’. Двата тима во групата забележаа по три победи и исто толку порази, меѓусебните дуели како гости ги добија со идентични 1:3, а Аугзбург поради гол разликата 12:11 го освои второто место, зад Атлетик Билбао.
По завршувањето на мечот играчите на Партизан со солзи во очите стоеле пред јужната трибина и ги слушале навредите од навивачите.
Тренерот на Партизан, Љубинко Друловиќ, не се појавил на прес конференцијата, туку веднаш заминал на состанок со спортскиот директор Ивица Илиев. На состанокот, според Б92, не се расправало за довербата на клубот кон Друловиќ, туку како да се ’подигне’ моралот на тимот по шокантната елиминација од Лига Европа.
Партизан е во длабока криза, а резултатите на тимот кој се наоѓа на четвртото место во домашното првенство со дури 24 бодови помалку од лидерот Црвена ѕвезда, не се подобрија и по тренерската смена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица