Дру Баримур издаде книга за својот живот
Актерката Дру Баримур, која во 1991 година ја издаде книгата „Little Girl Lost“, во која зборува за нејзиното проблематично детство, издаде нова книга со наслов „Wild flower“, во која ги изнесува позитивните промени во својот живот.
Таа изјави дека не и е лесно да воспостави баланс меѓу кариерата и улогата на родител.
- Не знам ниту една мајка на која тоа и се допаѓа и која ќе рече, „да, имам одличен систем, кој прави да не се чувствувам виновна“, истакна актерката и додаде со текот на времето тоа и претставува се поголема потешкотија.
Баримур смета дека е позитивно тоа што нејзините деца гледаат дека таа е вредна и дека работи, како и дека има љубов кон работата.
- Сакам да ги научам на одговорност и работна етика. Сакам да бидат деца, кои тоа ќе го разберат на овој начин „да, нашата мајка работи“, а не да речат „заради работата нашата мајка не е тука“, вели Баримур.
Во нејзината нова книга таа вели дека станува збор за приказна, а не за мемоари. Тоа се размислувања за работите и времињата во нејзиниот живот кои биле важни и и специјални.
- Секогаш сакав да пишувам, но не бев доволно храбра и никогаш немав доволно време. Иако звучи иронично, двете деца ми го дадоа тоа време, но затоа, пак, многу други работи оставив на страна, појаснува Баримур.
Актерката (40) е мажена за Вил Копелман и има две ќерки. Таа има своја козметичка линија „Flower“ и ja води прoдукцискаta компанија „Flower Films“.
Нејзиниот нов филм „Miss You Already“ со Тони Колет ќе се појави во кината на 6 ноември.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација