Драстично намален водостојот на Вардар кај Јегуновце
Водостојот на реката Вардар на мерното место кај Јегуновце е за 13 пати понизок во споредба со вчера, а на другите три мерни места е речиси ист со вчерашниот.
При тоа нивото на реката е за 28 сантиметри повисоко од просекот за август на мерното место кај Демир Капија, а е исто со просечното на мерното место во Скопје. Пониски од просечните се и водостоите на поголемиот дел од реките во земјава.
Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во однос на вчера за по еден сантиметар е намалено и нивото на Охридското и на Преспанското Езеро. Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за седум сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за вој период од годината, а на Преспанското Езеро е понизок за 1,77 метри. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,54 метри повисоко од просечното.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?