Драмски театар-Скопје на минитурнеја со „Генетика на кучињата“
Драмски театар-Скопје со претставата „Генетика на кучињата“ по текст на Венко Андоновски и во режија на Дејан Пројковски вчеравечер гостуваше во Народно позориште во Сараево.
Со настапот во Босна и Херцеговина ДТС ја почна минитурнејата во која со оваа претстава утревечер ќе гостува и во театарот „Гавела“ во Загреб и на 17 октомври во Београдско драмско позориште во Белград.
Во претавата играа Драган Спасов, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Биљана Беличанец, Дејан Лилиќ.
- Македонските актери уште еднаш докажаа дека се вистински амбасадори на македонската култура. Со одличен настап ги измамија аплаузите на сараевската публика, која дојде да ја проследи претставата, соопшти Драмски театар-Скопје.
Директорот на ДТС Роберт Вељановски во петокот на прес-конференција најавувајќи ја турнејата истакна дека гостувањето, кое е поддржано од Министерстото за култура, ќе биде сериозно добро претставување на македонскиот театар на сцените на, како што рече, нам по многу нешта блиски и драги театарски пријатели.
- Моите најави говорат дека интересот за нашето гостување и во Белград, и во Загреб, и во Сараево, е сосема задоволителен. Притоа се многу радосни што Драмски театар од Скопје, како театар што оставил траен белег на овие простори во изминатите 70 години, ќе има свое претставување во овие три града односно во три држави, рече Вељановски.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени