Балкан
1. August 2018 - 11:51

Драматична сцена во Нови Сад: Се поли со бензин пред судот, се заканувал дека ќе се запали, во раце држел и отров

Денеска околу 10 часот , непознат маж се обиде да се запали пред судот во Нови Сад. Имено,  тој се полил со бензин, потоа земал запалка и се обидел да се запали. Полицијата набрзо пристигнала и го затворила просторот околу судот. 
 
Човекот во еден момент земал да се напие бензин и во тој момент полицијата го совлада. 
 
Постојано зборувал како го измамиле нотарите и адвокатите.