-->
-->
Драма во скопско Орланци, братучед со калашников расчистувал имотно правни односи
-->

Вчера околу 14,30 часот во Полициско одделение Арачиново Н.С.(33) од Орланци пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот откако со тракторот пристигнал во неговиот двор од зад грб слушнал еден истрел од огнено оружје.
Откако се симнал од тракторот забележал дека неговиот братучед М.С. држел автоматска пушка во раце, а неговите двајца браќа се обидувале да го спречат, по што М.С. избегал.
По кратко време М.С. повторно дошол до пријавителот, кој седел во дворот со неговата мајка, сопруга, како и неговите три деца и од автоматска пушка испукал неколку рафални истрели кон Н.С. , по што го напуштил местото на настанот.
Од пукањето нема повредени, а причина била меѓусебната нетрпеливост поради нерасчистени имотно правни односи.
На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР- Скопје и подигнати се три чаури. Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За викеднот променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Без вода дел од општина Ѓорче Петров
-
Приведено лице од велешко, предизвикало пожар на отворен простор
-
Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
-
Уапсено 27-годишно лице поради производство и дистрибуција на детска порнографија
-
Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди преминот Дрејк, Чиле издаде предупредување за цунами
-
Премиерот Mицкоски на увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато
-
Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Русија - Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок