Македонија
30. October 2022 - 19:04

Драма во скопски Сингелиќ: Дедо се заканувал со секира

Вчера во 14.00 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициската станица Гази Баба бил лишен од слобода Н.О.(71) од Скопје поради тоа што околу 12.00 часот во с.Сингелиќ-скопско по претходно недоразбирање упатувал закани со секира кон И.Р.(52) од с.Сингелиќ, информираат од МВР.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.