Драма во семејна куќа во тетовско - видела отворена врата, слушнала врева се качила на катот и доживеала шок
Полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Ј.Ќ. (19) од с. Нераште поради извршена разбојничка кражба во текот на вчерашниот ден. На 22.06.2018 година околу 06,30 часот во с.Отушиште-Тетово, во семејната куќа на В.Ѓ (69) разбојник извршил разбојничка кражба, на тој начин што преку незаклучената влезна врата влегол внатре во куќата и почнал да пребарува во просториите на првиот кат.
Во тоа време, В. Ѓ. (69) била во дворот на куќата и во моментот кога се обидела да влезе внатре, забележала дека вратата од куќата била отворена и слушнала тропање на катот. Се качила горе, при што го затекнала сторителот, кој вперил пиштол кон неа, а потоа побегнал. Од страна на униформирани полициски службеници во с. Нераште бил пронајден сторителот, утврден е неговиот идентитет, се работи за Ј. Ќ. (19) од с.Нераште. Кај Ј.Ќ. бил пронајден и одземен еден гасен пиштол марка “МД 92ФС Блоубек“. По документирањето на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Почина Дикембе Мутомбо
-
Драма во Скопје: Маж со нож ги одзел децата од мајката во прифатен центар
-
Жена нападната од поранешниот партнер - Ја натепал и нејзината малолетна сестра
-
82-годишен дедо полово вознемирувал тројца малолетници
-
Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче во тешка здравствена состојба е пренесен во болница
-
Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%