-->
-->
Драма на Стража: Се запали мерцедес полн со патници
-->

Вчера околу 10.30 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на месноста „Стража“, В.Л. (50) од Р.Албанија, додека го управувал своето патничко моторно возило „Мерцедес Е 220“ со албански регистарски ознаки, забележал дека од просторот кај моторот почнало да чади, а потоа се појавил и оган.
Поради тоа што му откажале сопирачките возачот морал да го сврти возилото во спротивен правец за да може да застане.
Откако застанал излегле сите патници, а возилото по кратко време целосно изгорело.
Во 11.10 часот пожарот бил изгаснат од екипи од Територијалната противпожарна единица Гостивар.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица