Драма на фудбалерот на аеродромот во Белгија - уапсен Огњен Врањеш
Фудбалерот на Андрелехт, Огњен Врашеш уапсен е на аеродормот во Шарола, бидејќи немал важечка дозвола за престој во Белгија.
На контрола на пасошите утврдено е дека визата за престој му истекла, па забранет му е влез во земјата. Клубот имал обврска да ја среди документацијата за неговиот престој, но тоа не го направиле. Врањеш не знаел дека визата не му регулирана, па доживеал голема непријатност. Кога ги предал документите, речено му е дека мора да оди на сослушување.
Така фубалерот од БиХ ноќта морал да ја помине во затворен центар.
Запрената личност тврдила дека е играч на Андерлехт, но немала доказ за тоа – навел службеникот во записникот.
Врањеш морал да има дозвола за престој, која ја поседувал на основа на договорот со Андерлехт, но таа е запрена минатиот месец.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија ги демантираше тврдењата на СДС дека уставните измени се последно барање
-
Граѓани прашуваат дали повторно ќе функционира “Aло докторе” – Здравство без најава за ново активирање
-
Денеска е Велики петок - Најстраданиот ден во Христијанството
-
Црквите во Охрид преполни со верници
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување