Драган Данев: Имаме една опозиција која што се грижи за сé, само не за македонскиот национален интерес
На панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Стоиме на располагање на народот“, говореше пратеникот Драган Данев, кој говореше дека треба да се порази врхушката на СДСМ.
- Нашата главна цел е да допреме до сите граѓани на Република Македонија, до секој Македонец, со секој Бошњак, до секој Србин , Албанец… Да им ги кажеме нашите видувања, и нашата визија за Република Македонија.
Многу блиската историја кажува нешто кое не му иде во прилог на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во спротивната страна, во најмала рака кажано, нашите политички конкуренти размислуваат на се само не на чесно и искрено бранење на културните и национални интереси.
Да имавме една нормална опозиција ова немаше да го говориме и дискутираме, ние имаме една опозиција која што се грижи за се, само не за македонскиот национален интерес и за интересите на граѓаните на Република Македонија. Ако за сите претходни избори велевме дека тие се најважни, јас мислам дека ова се историски избори на кои што на Заев, на Верушевски на Шиолегов треба во македонската историја да им се стави крај, рече пратеникот Драган Данев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата