ДПИ: Дел од маркетите ги зголемиле цените
Првичните информации од Државниот пазарен инспекторат покажуваат дека дел од маркетите ги немаат зголемено цените, а дел ги имаат, откако од денеска повеќе не важи одлуката на Владата за „гарантирани цени“ на дел од прехранбените производи.
Од Пазарниот инспекторат велат дека е можно извесно зголемување на цените, но апелираат на општествена одговорност на трговците на големо и трговците на мало.
- Она што исто така го имам како информација е дека снабдувачите на големо веќе ги преправаат цените до трговците на мало со тоа што се очекува да се покачат цените, но повикувам на општествена одговорност од страна на трговците на мало и на трговците на големо со цел доколку има простор и можност цените да ги остават на истото ниво, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.
Вели дека не можат да влијаат на цените, но верува дека дел од големите ланци на маркети ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи.
- Од тоа што го видов во изминатиот период дека неколку големи трговци на маркети како општествено одговорни дадоа дополнителни намалувања на дополнителни прехранбени производи коишто не беа опфатени со одлуката на Владата, верувам дека тоа ќе се случи и сега, а граѓаните ќе одлучат во кој од нив ќе пазарат, бидејќи не можеме да спречиме доколку цената на лебот од 29 денари порасне на 35 денари, рече Трајковски.
Она што во следниот период ќе го контролила Пазарниот инспекторат, како што појасни Трајковски, е дали се почитуваат Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачи, односно дали соодветно се води трговска евиденција, дали потрошувачите евентуално се доведени во заблуда, една цена на рафт, една цена на каса, реалност на попустите и слично.
Во текот на вчерашниот ден, инспекторите на Пазарниот инспекторат направиле контрола во сите големи ланци на маркети низ државата по однос на одлуките на Владата, но за резултатите, како што рече Трајковски, мора да се причека додека надзорите не завршат во целост.
- Надзорите се пообемни и ќе траат три до четири дена, а од првичните информации утврдено е дека има одредени прекршоци но ќе почекаме да завршат надзорите во целост и да ги соопштиме конечните податоци, рече Трајковски.
Ново на Сител
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час