Свет
4. July 2016 - 13:37

Доживотен затвор за советникот на поранешниот кинески претседател Ху Џинтао

Линг Џихуа, поранешниот главен политички советник на претходниот кинески претседател Ху Џинтао, денеска е осуден на доживотна казна затвор за корупција, злоупотреба на службената положба, како и за тоа што на нелегалан начин доаѓал до државни тајни, јавија кинеските државни медиуми.

Џихуа ја признал вината и одлучил да не вложува жалба, тврди агенцијата Ксинхуа, повикувајќи се пресудата на судот во Тјенцин, во кој минатиот месец во тајност беше одржано  судењето.