Доста беше толеранција- поднесена е прекршочна пријава за ЈП ,,Комунална хигиена” – Скопје, вели Ѓоргиевски!
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информираше дека е поднесена прекршочна пријава до ЈП ,,Комунална хигиена” поради тоа што отпадот не се собира, се содаваат депонии и во услови на високи летни температури се доведува во прашање здравјето и безбедноста на граѓаните. Најави дека за толеранцијата за несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена” и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град и’ дојден крај и дека секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава.
-Доста беше толеранција – ПОДНЕСЕНА Е ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА ЗА ЈП ,,КОМУНАЛНА ХИГИЕНА” СКОПЈЕ!
Почитувани,
Скопје со недели изгледа на голема депонија и се дави во отпад! Ова се влошува со високите температури, односно од отпадот што не се собира редовно се шири неподнослива миризба во секоја општина. Кисела Вода не е исклучок, кај нас сликата се полни контејнери и страшна миризба.
Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена” и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град!
Досега неколку пати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успеаа со проактивност од страна на ЈП ,,Комунална хигиена”, кое сите граѓани на Скопје го плаќаме.
Бевте сведоци кога како градоначалници лани се обидовме да со собереме сметот што со недели стоеше на улиците, нема да дозволиме да се случи ова повторно.
Бидејќи во нормална комуникација немаме никаква реакција, во текот на изминатите денови испративме комунален инспектор да ја провери состојбата на терен.
Увидовме дека ситуацијата е катастрофалната и поради тоа понесовме прекршочна пријава до Комунална хигиена и ова ќе биде наша пракса и следните денови ако состојбата не се подобри.
Секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава.
Граѓаните се на прво место, Скопје мора да биде повторно горд град- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Штипјанка пронашла делови од човечко тело за кои претпоставува дека се на нејзината мајка
-
Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга
-
АА: Братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада
-
Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер
-
Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало
-
Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата
-
Јаневска: До крајот на мандатот услови за едносменска настава во сите училишта и ангажирање на 3000 вишок наставници
-
Фудбалски тим од третата грчка лига останал без опремата додека со траект патувал од Крит за Атина