Досега издадени 64.522 потврди за барање азил
Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди на вкупно 1.936 странски државјани, од кои 1.155 се од машки пол, 283 се од женски, 392се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 106деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.525, од Ирак 154, Авганистан 119, Пакистан 94, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 07.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 64.522 странски државјани, од кои, 43.671 се од машки пол, 8.857 се од женски, 10.386 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.608 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, се посочува во соопштението, најбројни се државјаните на Сирија 52.495, потоа Авганистан 3.596, Ирак 3.003, Пакистан 1.876, Палестина 780, Сомалија 571, Бангладеж 446, Конго 324, Нигерија 205, Камерун 160,Еритреја 142, Етиопија 109, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 06.09.2015 до 07.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 07.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 06.09.2015 година евидентирани се вкупно 10 баратели на азил, од кои 6 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 1 барателка на азил е женa и 3 баратели на азил се малолетни лица. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил - еден маж, една жена и две малолетни лица од кои едно малолетно лице е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани