Донеси книга, слушни музика“ во Кавадарци
„Донеси книга, слушни музика“ беше насловен настанот кој се реализираше синоќа во Кавадарци, а имаше за цел промовирање на читањето на книги и зголемување на библиотечниот фонд. При доаѓањето на концертот на познати музички изведувачи од Кавадарци, посетителите требаше да донесат книга како влезница, а донираните книги ќе бидат подарени на училишните библиотеки. Беше тоа дел од проектот „Културна (Р) Еволуција“, за кој организаторите веруваат дека ќе поттикне и други вакви и слични иницијативи.
Претседателот на кавадаречкиот Совет на млади Даниел Уневски рече дека книгите се се поретко пријатели на младите, па затоа и се одлучиле на еден ваков чекор. Изрази задоволство од посетеноста.
- Посебно ме радува што имаме најразлична публика, од најмлади до највозрасни. Добро е што добивме и различен жанр на книги, како и по некоја сликовница. Ќе ни биде мило после ова, ако добиеме барем еден љубител на книги плус. Иако, се разбира, најдобро е бројката на читатели да биде што е можно поголема, нагласи Уневски, додавајќи дека за среќа, сеуште постојат оние кои сакаат да го почувствуваат мирисот на книгата.
Настапија познати музички имиња и две балетски студија.
Естрадните уметнички Наташа Малинкова и Лидија Паскова рекоа дека многу сакаат да читаат книги и често другаруваат со нив. Малинкова додаде дека книгата е исто така еден од најдобрите подароци.
Настанот поддржан од локалната самоуправа и неколку кавадаречки невладини организации, од кои всушност доаѓаат и членовите на Советот на млади, беше во организација на Советот, со поддршка на Асоцијацијата на агенции за локална демократија АЛДА од Скопје и кавадаречки музичари. Се одржа во Домот на културата "Иван Мазов-Климе" во Кавадарци.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки