Донесени Стратегискиот план и Програмата за истражувачка активност на НБРМ за 2019-2021 година
Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната редовна седница ги донесе Стратегискиот план и Програмата за истражувачка активност на Народната банка за периодот 2019-2021 година.
Стратегискиот план за следниот тригодишен период, информираат од НБРМ, содржи единаесет стратегиски цели кои јасно ја изразуваат определбата за одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржување финансиска стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет.
- Имајќи го предвид динамичното и променливо опкружување, во рамки на Стратегискиот план се разработени основните предизвици во работењето, како и најважните, критични точки на делување во наредниот тригодишен период. Утврдените стратегиски цели се основа за изработка на плановите на организациските единици и програмата за работа на Народната банка за следната година, соопшти НБРМ.
Со донесената Програма за истражувачка активност, се додава во соопштенеито, е предвидено и во периодот 2019-2021 година, истражувачката активност на Народната банка да биде насочена кон областите кшто се од значење за остварувањето на основните цели и задачи на институцијата.
- Истражувањата предвидени за следниот тригодишен период се очекува да дадат поддршка на процесот на одлучување, како и да придонесат за поуспешно функционирање на централната банка и за нејзина подговеност за соочување со идните предизвици. Споредено со претходната тригодишна програма, програмата за периодот 2019-2021 година предвидува дополнителни проекти во доменот на монетарната политика, заемното делување меѓу основните макроекономски сектори, макроекономското моделирање, финансиската стабилност и останатите области, се вели во соопштението од НБРМ.
Дополнително, се додава, програмата го потенцира значењето на новите статистики и зајакнувањето на постојните статистички бази во и надвор од Народната банка, во функција на нови продлабочени истражувања во доменот на економијата.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија