Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
Собранието попладнево во рамки на 8-та седница едногласно со 84 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.
Со дополнувањата на Законот во членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучок од ставот (9), односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Со членот 2 се врши дополнување во членот 237 преку додавање на став (14) кој е усогласување со членот 1 од овој закон односно има иста цел обезбедување на сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија.
Со ова решение ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.
Претходно, законските дополнувања беа усвоени од матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика и на Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија