Донеодамнешниот претседател на бразилскиот Конгрес уапсен за корупција
Бразилската полиција синоќа го уапси поранешниот претседател на Долниот дом на Конгресот на Бразил, Едуардо Куња, под обвинение за корупција.
Во јули годинава Куња поднесе оставка на функцијата, откако беше осомничен за вмешаност во корупциски скандал.
Обвинителството го товари Куња дека од една фирма зел пет милиони долари поткуп, за да и обебзеди вносна зделка со државната нафтена компанија „Петробрас“.
Куња ги отфрла сите обвинувања и тврди дека не сторил ништо противзаконско.
Долги години тој важеше за еден од највлијателните бразилски политичари и беше предводник на процесот за импичмент на поранешната претседателка на Бразил, Дилма Русеф, која беше отповикана од функцијата во август годинава, .
На Куња, кој е член на десноцентристичката Партија на демократското движење на Бразил (ПМДБ), минатиот месец му беше одземени пратеничкиот мандат.
Според бразилските медиуми, Куња бил уапсен во главниот град Бразилија, а потоа веднаш префрлен во градот Куритиба на југот од земјата, каде федералниот судија Серхио Моро ја предводи истрагата за корупција во власта.
Домашните весници тврдат дека налог за апсење на Куња бил издаден затоа што постоела реална опасност тој да побегне од Бразил, особено што поседува двојно, бразилско и италијанско државјанство.
Не е соопштено колкав притвор му е определен за поранешниот спикер.
Државната компанија „Петробрас“ е во центарот на големиот корупциски скандал, што веќе ја чини преку две милијарди долари.
Десетици угледни политичари, пратеници и бизнисмени се уапсени или осомничени за земање поткуп и за вмешаност во корупцискиот скандал, меѓу кои и е и поранешниот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва.
Ново на Сител
-
Ен-Би-СИ: Жештината е тивок убиец, поголем од поплавите, ураганите, торнадата
-
Трамп го отфрли тврдењето на Нетанјаху дека нема глад во Газа
-
Уапсен србин кај Ѓавато, не застанал на знак на полицијата, па потоа го оставил автомобилот и пробал да побегне
-
ЦУК: 20 пожари на отворен простор, десет активни, пет ставени под контрола и пет изгаснати
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО