Донација од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за СОС Детско село
Претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на РМ Даниела Рангелова заедно со раководството на Општинскиот комитет Гази Баба на Унијата на жени денеска го посети СОС Детското село каде донираше материјал за бојадисување на куќите во состав на СОС Детското село, соопштија од партијата.
Донацијата се состои од материјал за бојадисување на 10-те куќи во кои живеат децата згрижени во СОС Детското село. Рангелова најави дека поддршката од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ кон сите ранливи категории, а особено, како што потенцира, кон децата ќе продолжат и во наредниот период.
Виолета Георгиевска директор на СОС Детското село заблагодарувајќи се на донацијата истакна дека таа била договорена во рамки на велигденската посета на Рангелова на СОС Детско село. Донацијата, рече таа, е од големо значење за СОС Детското село бидејќи се подобрува хигиената и чистотата во куќите.
Ново на Сител
-
СДСМ: За хаосот на онкологија целата одговорност е кај власта
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд