Донација од турската општина Балчова за Демир Хисар
Општина Демир Хисар доби донација од турската општина Балчова во вредност од над седум илјади евра.
Донацијата се состои од 100 комплети јавни корпи за отпадоци со пластичен механизам и околу 1.000 пластични вреќи.
- Во периодот што следува очекувам проширување и продлабочување на соработката што треба да даде резултати на општо задоволство на граѓаните од двете општини. Покажавме и потврдивме дека соработката нема да биде сведена и да заврши само на протоколарни посети, туку дека во иднина ќе резултира и со реализација на многу поголеми и посериозни заеднички проекти, истакна денеска градоначалникот на Демир Хисар, Љупчо Блажевски.
Тој додаде дека донацијата е обезбедена од градоначалникот на оваа турска општина Мехмед Али Чалкаја.
Дел од корпите веќе се поставени на улицата „Битолска“, како и на металните канделабри на улиците „1.Мај“ и „Македонија“, а дел ќе бидат поставен и во дворовите на неколку локални јавни институции во општината.
Ново на Сител
-
Нов обид да се избере претседател на Уставниот суд
-
Дали ќе се продолжи дневната евтина тарифа на струјата за уште еден час?
-
Храната станува луксуз, Mакедонија се повеќе е увозно зависна
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции