-->
-->
ДОМ избра секретар, шеф на Изборен штаб и заменик
-->
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) доцна синоќа ја договори рамката на предизборната кампања. Ќе настапува како зелена партија, а Централен одбор ги избра, за секретар Христа Најданов, за шеф и заменик шеф на Изборниот штаб Тони Ристов и Христа Најданов, а за член на ЦО Дане Милошевски.
Христа Најданов е еден од основачите на ДОМ. Магистрирал на ЛУМСА Универзитетот во Рим, а има богато искуство во граѓанскиот и хуманитарниот сектор како застапник на жртвите од семејно насилство.
ДОМ соопшти и дека Централниот одбор го разрешил досегашниот член Денко Скаловски поради програмско разидување. Тој веќе не ја претставува партијата во Советот на Град Скопје за што е испратено и официјално известување
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски