-->
-->
Долговечноста во САД снижена првпат по 1993 година
-->
Просечниот животен век во САД во 2015 година се намалил во однос на претходно, првпат по 1993, се посочува во извештај на американскиот Национален центар за медицинска статистика.
Средната долговечност е намалена од 78,9 на 78,8 години. Притоа, кај мажите падот е поголем (од 76,5 на 76,3 години), отколку кај жените (од 81,3 на 81,2 години. Смртноста пак, лани е зголемена за речиси 100.000, на 733.100 лица.
Експертите засега не можат со сигурност да кажат дали тоа е случајно отстапување од нормата или пак - тенденција, јавува радиото НПР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди