Македонија
4. November 2016 - 12:27

Докторите едвај го спасија: Штипјанка му забоде нож на сопругот среде чело

Ноќеска околу 02.00 часот во Штип на ул. „Косовска“ во семејната куќа настанала расправија помеѓу Е.Д. (41) и неговата невенчана сопруга Џ.С. (45).
 
Во еден момент Џ.С. зела кујнски нож и го фрлила кон Е.Д., кој му се забил и останал во главата, во пределот на челото.
 
Истиот бил пренесен во Клинички центар Штип, каде што со хирушка интервенција му бил изваден ножот и се наоѓа вон животна опасност. Џ.С. била приведена и задржана во ПС Штип.
 
По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.