Македонија
23. December 2022 - 16:41

Дојави за бомби во неколку скопски училишта

Дo сега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 19 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.