Балкан
28. February 2019 - 12:20

Дојава за бомба во основниот суд во Бор - вработените евакуирани

Вработените во Основниот суд во Бор и во градската управа претпладнево беа евакуирани, по добиената дојава дека во објектот е поставена бомба.
 
Заканата за поставената бомбата била упатена телефонски, по што на местото пристигнале припадници на противпожарната служба и полицијата.
 
Сите вработени ги напуштиле работните места, а полицијата ја пребарува секоја просторија во зградата, во која се сместени Судот и градската управа.