Додик: Повторно се кандидирам за претседател, ќе спроведеме избори на ниво на РС
Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, кој е и претседател на Алијансата на независни социјалдемократи, објави дека ќе биде кандидат на таа партија на изборите за прв човек на РС и следната година.
Тој додаде дека тоа е веќе одлучено и дека кандидатурата е потврдена.
-Злоупотребата на процесот на ниво на Босна и Херцеговина ќе заврши со тоа што во мај ќе го започнеме изборот на нова Републичка изборна комисија и ќе спроведеме избори на ниво на РС во согласност со нашиот изборен закон, рече Додик во интервју за белградска „Политика“.
Додик неодамна беше осуден од судот во Сараево на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на Република Српска „за непочитување на одлуката на високиот претставник на меѓународната заедница“.
-Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ја узурпираше надлежноста, каква врска имаат тие со изборите во РС. Преземајќи премногу обврски тие се задушиле. Презедоа премногу и не можат да го испорачаат, рече Додик.
Ново на Сител
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест