Додик: Настаните во Косово го покажаа лицемерието на меѓународната заедница
Лидерот на босанските Срби Милорад Додик синоќа на мрежата Х (поранешен Твитер) ја коментираше ситуацијата на Косово, велејќи дека целосно го поддржува Вучиќ и неговото коректно и правилно управување со кризата.
„Целосно го поддржувам претседателот Александар Вучиќ и раководството на Србија во одмереното и правилно управување со оваа кризна ситуација на Косово. Сите овие настани го покажуваат лицемерието на меѓународната заедница, која ги поддржува потезите на Албин Курти да ги обвинува Србите и Србија за ситуацијата на Косово.''
Верувам дека најавените мерки што ќе ги преземе раководството на Србија ќе бидат во интерес на мирот и стабилноста на Србија и на српскиот народ.
Го поддржувам нашиот народ на Косово кој трпи голем ужас и знам дека е тешко да се остане ладен и смирен, но во овој момент тоа е неопходно.
Изразувам сочувство до семејствата на загинатите во конфликтите на Косово“, напиша Додик.
Ново на Сител
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба
-
Се санираат штетите од невремето во Тетово
-
Скопје ги сумира штетите од невремето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Комуналните претпријатија на обука за имплементација на Скада системот
-
Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?